Здравје/Фитнес

Зошто некои луѓе не се дебелеат дури и со конзумирање нездрава храна?

Научниците од Универзитетот Кембриџ откриле зошто некои луѓе не се дебелеат дури и ако консумираат големи количества нездрава храна, пишува Daily Mail.

 

Тимот испитал 14.000 луѓе, од кои 1600 имале низок индекс на телесна маса. Се докажало дека "слабите луѓе" се со примерно здравје, иако 40 отсто од нив верувале дека консумираат големи количини брза храна, а таа очигледно не им влијаела на килограмите. Излегува дека луѓето во оваа група имаат "ген за губење на тежината".


Научниците се на мислење дека секвенционирањето на гените одговорни за забрзување на метаболизмот ќе му овозможи на човештвото да ја надмине дебелината во блиска иднина. Врз основа на новооткриените механизми, специјалистите се надеваат дека ќе создадат лек за дебелината.


Новите таблети ќе дејствуваат на поинаков принцип и ќе се разликуваат од традиционалните кои се користат за согорување на маснотиите.








Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.