Здравје/Фитнес
Кардиолозите тврдат дека попладневниот одмор влијае на намалување на крвниот притисок
- Детали
- Категорија: Здравје/Фитнес
- Создадено: 17 Март 2019
Спиењето попладне е поврзано со намалување на крвниот притисок и намалување на ризикот од срцев удар и други кардиоваскуларни болести, покажуваат податоците презентирани на годишната конференција на Европското здружение на кардиолози што се одржа во Лондон, објави Ај-Еф-Ел Сајанс (IFLScience).
Во студија биле вклучени речиси 400 мажи и жени на средна возраст со хипертензија, состојба која значи зголемен крвен притисок.
Истражувањето покажа дека кај луѓето кои имаат навика попладне да дремнат, 24-часовен амбулантски систолен крвен притисок бил во просек за пет отсто понизок во споредба со пациентите кои не спијат во попладневните часови.
И иако таа разлика се чини на прв поглед мала, шефот на студијата д-р. Манолис Калистратос на прес-конференција рече дека дури и „намалување притисок од 2 mm Hg го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести за 10 проценти.”
Констатирано е дека попладневна дремка го намалува систолниот крвен притисок од 3 mm Hg за секој час на спиење, а за споредба, со мала доза на антихипертензивни лекови систолниот притисок се намалува за 5 до 7 mm Hg.
Друг факт во корист на оние кои сакаат попладневен одмор, студијата покажа дека подолг сон е поврзан со поголемо намалување на крвниот притисок. Се покажа дека еден час спиење дава најдобри резултати.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс