Здравје/Фитнес

Скоро две милијарди возрасни луѓе во светот страдаат од прекумерна тежина

Најпопуларните јадења во класичен ресторан, односно 94 отсто од нив, ги надминуваат препорачаните 600 калории, посочува ново истражување на Медицинскиот факултет во Сао Пауло, Бразил. За угостителските објекти за брза храна пак, тој број изнесува 72 отсто.

 

– Не само што јадеме лоша храна, туку и ја консумираме во преголеми количини… И, честопати го занемаруваме тој фактор кој има големо влијание на глобалната стапка на претилост, нагласи одговорната за научниот труд, д-р Вивијан Суен.

 

Секое надминување од 10 отсто над идеалната тежина се смета за претилост.

 

Меѓународниот тим научници ги зеле предвид параметрте на тежината и енергетската вредност (калориите) за јадењата послужувани во ресторани во Бразил, Кина, Финска, Гана и Индија.

 

Светската здравствена организација ја смета претилоста за проблем со глобални епидемични размери и главна опасност за појава од срцеви и мозочни заболувања и дијабетес.

 

Над 1,9 милијарди возрасни во светот имаат прекумерна тежина, а 600 милиони од нив се претилни. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.