Здравје/Фитнес

Зајакнете го имунитетот на природен начин за да спречите настинки и примање антибиотици

Која е здравата алтернатива на антибиотиците? Што може да направите за да ја спречите појавата на инфекции или да оздравете без потенцијално сериозни нус-појави кои бараат употреба од антибиотици?

 

Ова се прашањата кои најчесто луѓето си ги поставуваат особено во период кога настинките и вирусите се многу зачестени па ја имаме истата грижа: како да ги одвратиме вирусите и бактериите кои секоја година го напаѓаат нашиот имунолошки систем? И додека некои имаат свои традиционални здравствени навики кои  го засилуваат имунолошкиот систем, некои тргнуваат во борба дури откако веќе е доцна.

 

За да го спречите тоа, некои работи можете да ги промените уште денеска и да му овозможите на својот организам  борба против настинка и грип. Во исхраната вклучете доста овошје и зеленчук, заради високиот процент витамини и нивното стимулативно дејство врз имунолошкиот систем. Статистиките покажуваат дека повеќето луѓе не внесуваат доволно од овие намирници. Ако и вие спаѓате во таа група, ќе мора свесно да се потрудите да ја коригирате таа лоша навика.

 

Соодветното ниво на витамин Д е неопходно за здрав имунитет. Најдобар природен извор на овој витамин е изложеноста на сонце или суплемент на витамин Д. Исто така и цинкот придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем. Земањето на витамин Ц како додаток во исхраната е добра идеја, но уште подобро е да се јаде разновидно овошје и зеленчук. Многу производи имаат способност на уништување на опасните бактерии. Меѓу нив се кокосовото млеко, кокосовиот путер, природниот мед, лукот, кромидот и зелката. Производите кои содржат пробиотици, како што е јогуртот со пробиотик, се одлични за зајакнување на имунитетот. Постојат и многу билки кои дејствуваат антимикробно, а најпознати меѓу нив се куркумата, ѓумбирот и чили пиперчињата.

 

Според познатите браќа билкари Дејан и Кристијан Ачкоски, најважно е да се зајакне имунитетот и тоа со природни билки, како огриганото и ехинацејата и да се направи пролетно чистење на организмот.

 

 

Штом ќе се разболите, немојте веднаш да посегнувате по антибиотици. Инфекциите се навистина непријатни, но често поминуваат без поголем проблем и без последици, па заради тоа прво обидете се со природна терапија која се состои од чаеви, супи, витамин Ц и многу овошје и зеленчук.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.