
Здравје/Фитнес
Тридневна диета со туна
- Детали
- Категорија: Здравје/Фитнес
- Создадено: 01 Мај 2019

Доколку добивте некој килограм повеќе за време на празниците, и сакате за брзо време да се ослободите од нив, ние ви нудиме брза диета од туна.
Мени:
Прв ден
Појадок: 1 чаша црно кафе или чај, 1/2 грејпфрут или сок, 1 тост намачкани со путер од кикирики (или сусам).
Ручек: 100 - 150 гр туна салата со рукола, краставица, чери домати, и (по желба) лажица пченка шеќерец, 1 чаша црно кафе или чај.
Вечера: 100 г варено говедско месо, 200 гр динстана боранија, рендан морков 200 g со неколку капки сок од лимон, помал сад пудинг од ванила (околу 100 g), 1 средно јаболко, 1 чаша кафе, чај или вода за пиење.
Втор ден
Појадок: 1 чаша црн чај или кафе, 1 варено јајце, 1 тост, 1 банана.
Ручек: 200 гр туна, 5 крекери, 1 шолја кафе, чај или вода за пиење.
Вечера: 200 гр печени пилешки гради, варени моркови 100 g, 200 g варена брокула, 1 банана, пудинг од ванила (околу 100 g), 1 чаша црно кафе или чај.
Трет ден
Појадок: 1 чаша црн чај или кафе, 5 крекери, 30 гр сирење, 1 јаболко средна големина.
Ручек: 1 варено јајце, 1 тост, 1 чаша црно кафе или чај.
Вечера: 200 гр туна, варени моркови 100 g, 100 гр варен карфиол, 1 круша средна големина, мала чаша пудинг од ванила (околу 100 g), 1 чаша црно кафе или чај.
* Организирајте ги оброците за да вечерате најдоцна до 18 часот, а потоа да не јадете ништо.
* Брза 30-минутна прошетка е потребна секој ден.
* Ако користите лекови кои не одат во комбинација со сок од грејпфрут, наместо грејпфрут да пијат сок од портокал и лимон.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
