Здравје/Фитнес

РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ: на децата несвесно им давате кофеин, преку храната, а не сте ни свесни за тоа

Преголемото внесување на кофеин кај децата, како и кај возрасните лица, може да предизвика вознемиреност и нервоза, пречки во варењето и болка во стомакот, главоболка, тешкотии во концентрацијата и спиењето, забрзана работа на срцето и низа други симптоми.

 

Тука треба да се нагласи дека не треба да се внесе многу кофеин за да се развијат наведените симптоми и дека е ризикот поголем колку што е детето помладо.

 

Повеќето родители, кога би ги прашале, би рекле дека ни во сон не би му дале на своето дете кофеин, но затоа без проблем му даваат чаеви, газирани сокови или чоколадо.

 

Повеќе од 75 отсто новороденчиња доаѓаат на свет со траги од кофеин во крвта. За дете, 100 мг кофеин на 1 кг телесна тежина претставува огромна опасност од труење.

 

Затоа, најдете за децата поздрава алтернатива, намалете ги „чоколадните оброци“, а газираните пијалоци заменете ги со свежо цедени сокови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.