Здравје/Фитнес

Премореноста од работа ќе се смета за болест

Премореноста од работа од 2022 година ќе се смета за болест од ранг на настинката и слични заболувања поради кои треба да се посети доктор, да се утврдат симптоми и да се добие препишана терапија, соопшти Светската здравствена организација на собирот во Женева.

 

СЗО ја опишува премореноста како болест предизвикана од хроничен стрес на работа.

 

– Ова е првпат премореноста на работа да биде призната и окаратеризирана на овој начин, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

 

Некои од главните знаци на премореноста се недостигот на сон, проблеми со варењето на храната, висок крвен притисок и лошо расположение. Во симптомите спаѓаат и размислување за работата и вон работното време, лоша концентрација, недостиг на социјализација и недостаток на време за работните обврски, но и обврските од лична природа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.