Ужасна смрдеа се шири во Аеродром, општината бара Град Скопје да интервенира

Непријатна миризба се шири во Аеродром, а доаѓа од депонија која не се наоѓа во оваа населба. Општината бара Град Скопје да интервенира.

„По пријавите и реакциите од страна на граѓаните за непријатен мирис од запален отпад, кој се шири на територијата на општина Аеродром, општинските инспекциски служби излегоа на терен, при што констатираа дека станува збор за согорување отпад од депонија што не се наоѓа на територијата на општината.

Со цел решавање на овој проблем со кој се соочуваат граѓаните, Општина Аеродром веќе упати барање од Град Скопје за преземање сите неопходни мерки. Во оваа пригода упатуваме апел до градската администрација и до другите надлежни институции во рамките на своите надлежности да преземат сè што е потребно за надминување на проблемот.

Здравата животна средина и здравјето на граѓаните се приоритет на Општина Аеродром и во таа насока, а во согласност со надлежностите на локалната самоуправа, ги преземаме сите неопходно мерки за обезбедување континуитет во одржување на јавната хигиена“, пишува во објавата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.