Четвртоодделенците од Аеродром добија бесплатни таблет уреди

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот Дејан Митески, денеска на учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“ им поделија бесплатни таблет уреди. Набавката е целосно реализирана со средства од општинскиот буџет и во рамките на овој проект, околу 900 ученици ќе добијат нови уреди со кои ќе се надмине дигиталниот јаз кај нив и тие ќе ги користат за стекнување нови знаења и развој на дигитални вештини, извести општината.

Градоначалникот Муцунски во изјавата за медиумите потенцираше дека детските насмевки во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се уште една потврда дека со континуираните инвестиции во образованието, Општина Аеродром е на вистински пат, но и дека денес се промовира убав проект, од кој бенефит ќе имаат учениците во Аеродром.

„Ние не застануваме тука, продолжуваме да инвестираме во учениците, како важен сегмент од процесот на создавање модерна и развиена општина. Посебно се радувам на ваквите проекти, затоа што во услови кога централна власт заборава на учениците и предзвикува неизвесност, ние секојдневно промовираме нови проекти со кои го унапредуваме образовниот процес на локално ниво“, нагласи Муцунски во изјава за медиумите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.