Пуштен во употреба паркот „23 Октомври“ во Аеродром

Во насока на обезбедување нови содржини во Аеродром заврши реализацијата на уште еден проект. Со садење зелени садници, градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, и претседателот на Советот, Дејан Митески, официјално го пуштија во употреба новиот парк „23 Октомври“, лоциран во Стар Аеродром.

Благодарение на заложбите на Општина Аеродром и поддршката од општествено одговорна компанија аеродромци добија уште една зелена површина на простор од 2.300 квадратни метри, целосно партерно уредена, со ново осветление, со постојно и ново зеленило, како и современи реквизити и урбана опрема за забава и рекреација, велат од Општина Аеродром.

Градоначалникот Тимчо Муцунски за почетокот на есента најави реализација на нови инвестиции на неколку локации во Аеродром, притоа се заблагодари за поддршката и соработката на сите што беа вклучени во реализацијата на овој проект.

„Се радувам и се гордеам со ваквите проекти затоа што со нив создаваме урбани површини што ќе траат долго и ќе бидат полни со живот. Активностите за позелен и поубав Аеродром не застануваат тука, а почетокот на есента ќе го одбележиме со уште неколку зелени и спортски катчиња на неколку локации во општината“, истакна Муцунски во својата фејсбук-објава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.