ФК „Вардар“ доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

ФК „Вардар“ доби свој дом во Аеродром, пуштен е во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот.

На свечен настан, вчера, во општина Аеродром, официјално беше пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на фудбалскиот клуб „Вардар“. На настанот присуствуваше и се обрати градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, како иницијатор на оваа активност за поддршка на фудбалскиот клуб.

Тој во своето обраќање потенцира дека ветувањето за поддршка и враќање на „Вардар“ на старите патеки стана реалност и со тоа Општина Аеродром стана првата општина во Скопје што дава директна поддршка за „црвено-црниот“ клуб, кој е национална гордост на Македонија.

„’Вардар’, ‘Комити’ и младите фудбалски таленти отсега имаат свој дом во Аеродром и со ова Аеродром е првата општина во Скопје што дава поддршка за ‘црвено-црните’, клубот кој е национална и спортска гордост на Македонија“, истакна Муцунски.

Станува збор за целосно обновен спортски терен, чија реконструкција опфаќа нова тревна подлога, системи за одржување и наводнување, ново осветление и целосна реконструкција на соблекувалните. Проектот го реализира Општина Аеродром со поддршка на приватниот сектор, известуваат од Општина Аеродром.

Градоначалникот Муцунски им се заблагодари за претседателот на Советот, Дејан Митески, фудбалскиот клуб „Вардар“ и на навивачката група „Комити“ за својот придонес и поддршка за реализација на оваа идеја, која е од големо значење за фановите, клубот и, генерално, за спортот во Македонија.

На самиот крај тој нагласи дека вистинско задоволство е во присуство на фановите на „Вардар“, поранешните и актуелните играчи, како и младите таленти, да се отвори новото спортско игралиште, каде што ќе продолжи да се испишува историјатана клубот и да се градат идните национални фудбалски таленти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.