Муцунски во пресрет на утрешниот верски празник: Правиме мали работи, но со многу љубов и искреност

Во пресрет на еден од најголемите верски празници продолжува поддршката што Општина Аеродром ја дава за народната кујна, која функционира во рамките на црквата „Св. Никола“ во Аеродром. Станува збор за хуманитарна организација поддржана од страна на Општина Аеродром, која на дневна основа обезбедува 100-ина оброци.

Честитајќи го утрешниот празник Богојавление – Водици, градоначалникот Тимчо Муцунски истакна дека преку донација на прехранбени производи продолжуваат активностите за поддршка на народната кујна.

„Во пресрет на еден од најголемите празници Богојавление – Водици правиме мали работи, но со многу љубов и искреност. Честитајќи го утрешниот празник, посакувам здравје и љубов. Моја искрена желба е во духот на религијата – поддршката, меѓусебната помош и хуманоста да станат наша секојдневна навика“, напиша Муцунски во својата фејсбук-објава.

Поддршката за ваквите иницијативи и конкретно за народната кујна во Аеродром е уште потврда за грижата и решеноста на Општина Аеродром да  имбиде сериозна поткрепа на оние што имаат потреба од тоа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.