Аеродром добива нов парк на влезот во Лисиче

На самиот почеток на пролетта почна изведбата на новиот парк на влезот на населбата Лисиче, покрај булеварот Февруарски поход, извести Општина Аеродром.

До крајот на следниот месец Аеродром ќе добие нов простор, кој ќе биде целосно уреден со зеленило и урбана опрема и каде што ќе биде поставено македонското знаме, велат од Општината.

Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук-страница истакна дека Јавното претпријатие за комунални дејности и Општина Аеродром целосно ги изведуваат работите за уредување на оваа површина, што за граѓаните што живеат во овој дел од општината ќе претставува ново зелено катче.

Во следниот период вакви проекти ќе се реализираат и на други локации во Аеродром, со што се потврдуваат заложбите за модерна, зелена и чиста општина, се додава во соопштението на Општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.