
(Фото) Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на „Владимир Комаров“, прашува СДСМ Аеродром
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 05 Мај 2025

„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во Општина Аеродром е видлива буквално на секој чекор. Реконструкцијата на тротоарите на половина од улицата Владимир Комаров во Стар Аеродром никако да заврши. Повеќе од месец дена трае реконструкција на тротоари во должина од 450 метри во правец, на потегот од бул. Јане Сандански до бул. Васко Карангелевски“, велат од СДСМ Аеродром.
„За оваа реконструкција согласно договорот со изведувачот предвидени се 6,8 милиони денари и рок за реализација од 12 месеци.
Фактот што истовремено се реконструираат тротоарите од двете страни на улицата со несоодветна сигнализација за ограничување на движењето ја нарушува безбедноста пешаците кои секојдневно ја користат улицата.
Во текот на реконструкцијата на тротоарите на повеќе места видно е оштетен и коловозот што дополнително ја нарушува безбедноста при движењето на оваа улица.
Имајќи предвид дека се работи за исклучително фреквентна улица, јавно го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески:
Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?
Дали Општина Аеродром ги има на сметка потребните 6,8 милиони денари за реконструкцијата на само половина од ул. Владимир Комаров?
Зошто во овој мандат не се реконструираат и тротоарите на другата половина од улицата, од бул. Јане Сандански до Железничка?
Пред 4 години покрај овие тротоари ветивте и велосипедска патека на истиот потег, каде исчезна ова ветување од општинските програми?
Нели е срамота тротоари од 450 метри во правец да се реконструираат повеќе од месец дена?
За споредба, во време СДСМ за само 2 недели заврши реконструкцијата на 4 коловозни ленти на бул. Димитрија Чуповски од Палома Бјанка до бул. Св. Климент Охридски.
Трпението на жителите на Аеродром е при крај. Дојде времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Митески треба да си понесат одговорност за сопствената неспособност. На 4-годишното пустошење на Општина Аеродром мора да му се стави крај“, се наведува во соопштението на СДСМ Аеродром.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
