All for Joomla All for Webmasters

Распишан конкурс за идеен проект за нова градска болница во Аеродром

Нова градска болница во Аеродром

Распишан е конкурс за идеен проект за нова градска болница на подрачјето на општина Аеродром. Конкурсот ќе се спроведува преку Електронскиот систем за јавни набавки. 


Учеството на конкурсот е анонимно, а оценувањето ќе го врши жири комисија. Проектите треба да се достават по пошта или во архивата на Министерството за здравство најдоцна до 18 јули до 13 часот. Најдобро рангираните учесници ќе бидат наградени.  


- Со цел да се обезбеди болничка заштита во дефинирана мрежа на општи и специјализирани болници и соодветно да одговори на потребите на жителите на градот Скопје и пошироко, Министерството за здравство смета дека е потребно да се подигнат капацитетите на т.н. „градски болници“ и на тој начин да се намали притисокот врз терциерното здравство во постојниот клинички центар, велат од Министерство за здравство.


Новата градска болница треба да имплементира нов модел за пружање на амбулантска здравствена заштита и дневна хирургија со неинванзивни постапки со цел намалување на просечната должина на болнички престој.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.