Наместо од контејнер, собирачите на пластика, шишињата ќе ги преземаат од домаќинствата

 

Со доделување ХТЗ опрема на десетина собирачи на пластичен отпад, денеска беше одбележан почетокот на акцијата која ја спроведува здружението Гоу Грин, а се однесува на собирање пластика од домаќинствата во населба Лисиче.

Покрај опремата, собирачите на отпад добија и картички за идентификација, кои според извршниот директор на здружението Гоу Грин, Антонио Јовановски, ќе им овозможат на собирачите полесен пристап до домаќинствата, како и полесна понатамошна соработка со откупувачите на ПЕТ амбалажа и тврда пластика.

 

 Во текот на летото исто така се потпишаа спогодби за соработка со преку 300 домаќинства во населба Лисиче и се поделија по две ќеси за селекција на пластика во домовите. Се селектира тврда амбалажа, односно шишиња од јoгурт, шампон, детергент, лименки, и ПЕТ амбалажа, како шишиња од сок, пиво, зејтин, односно сите амбалажи кои го имаат триаголникот за рециклирање.

Собирањето на пластиката од домовите ќе се спроведува секој вторник. За придобивките кои собирачите ќе ги почувствуваат од новиот начин на собирање пластика, зборуваше Зоран Димов од Здружението „ Ромски Бизнис Информативен Центар“

 

 Проектот „ Ја собираме пластиката од дома“е финансиски поддржан од Градот Скопје, а општина Аеродром со своите капацитети активно ја поддржува имплементацијата на проектот, кој засега ќе се одвива само на територијата на населба Лисиче, но плановите се да се прошири и во останатите делови од Скопје.

 

.be

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.