50 талентирани спортисти добија парична помош од Општина Аеродром

Општина Аеродром на 50 талентирани спортисти им додели пофалници за високи достигнувања во областа на спортот. Секој од нив добива и еднократна парична помош во износ од по 10.000 денари од општината.

 

Градоначалникот Златко Марин им се заблагодари на спортистите за нивните високи достигнувања и напредокот кој  придонесува за развој на спортот во Општина Аеродром.

 

Како што информираат од општината, оваа мерка е признание за досегашните успеси на младите и поттик за понатамошен развој. На овој начин Општина Аеродорм им овозможува подобри услови за напредок и ги мотивира да продолжат да ги реализираат своите таленти.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.