Обука за ран детски развој и учење во градинката „Бубамара" во Аеродром

Во градинката „Бубамара" во Аеродром вчера се одржа обука за ран детски развој и учење, која се фокусираше на темите како учат децата, развој на говорот и стимулативна средина за учење, а беше наменета за професионален развој на воспитувачи, стручни работници и соработници од градинката.

 

Општина Аеродром соопшти дека целта на овие активности е да се унапреди квалитетот на предучилишното образование, како клучно за натамошниот раст и развој на најмладите.

 

-Обуката беше интератктивна, а опфатените теми се актуелни и современи педагошко-психолошки аспекти на воспитно-образовната работа со деца од предучилишна возраст. Реализатори на обуката беа високостручни лица во областа на педагошките и психолошките науки од Институтот за европски образовни, социокултурни и економски политики „Европа за тебе" Скопје, информира Општина Аеродром.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.