Одбележана годишнина од раѓањето на Јане Сандански
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 18 Мај 2019
По повод 147-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски револуционер Јане Сандански, делегација на Општина Аеродром денеска положи цвеќе пред споменикот „Јане Сандански".
Како што соопштија од Општина Аеродром, на одбележувањето присуствуваа и претставници од Советот на Општината, од основните училишта и градинките, како и пензионери од здружението „Солидарност – Аеродром".
-Идеалите и заложбите на големиот македонски визионер се заедничка обврска за единство и сплотеност на сите наши граѓани, се истакнува во соопштението на општината.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс