Улица Бојмија во населба Острово станува еднонасочна

Деновиве се поставува хоризонтална и вертикална сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата Бојмија во населбата Острово, зад трговскиот центар „Скопјанка“, во правец кон Железничката станица.

„Воведувањето на новиот сообраќаен режим ќе придонесе да се намали сообраќајниот метеж, а со тоа да се зголеми и безбедноста на пешаците“, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.

Од идната недела ќе почне воспоставувањето на новиот сообраќаен режим и на улиците во населбата Лисиче, со вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, што ќе овозможи зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.