Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 во однос на одлуката од 22.7.2024 година.

 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,072 %, кај дизелот 1,940 %, кај екстра лесното масло 2,096 % и кај мазутот намалувањето е 3,565 %.

 

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,2688 %.

 

Од 27.7.2024 година од 00.01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕВРОСУПЕР БС-95                  81,50 (денар/литар)

Моторен бензин       ЕВРОСУПЕР БС 98                             83,50 (денари/литар)

Дизел-гориво            ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            74,00 (денари/литар)

Масло за горење      екстра-лесно 1 (ЕЛ-1)               72,50 (денара/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 44,656 (денари/килограм)

 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,101 денар/кг и сега ќе изнесува 44,656 денари/кг.

 

Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.