Бизнис заедницата побарала ДДВ да се покачи од 18 на 19,5 отсто, рече премиерот Мицкоски
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 06 Декември 2024
На денешната втора по ред седница на Економско – социјалниот совет, бизнис заедницата имала барање данокот на додадена вредност од сегашните 18 отсто, да се зголеми на 19,5 отсто, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на попладневната прес – конференција.
„Имаше сега на седницата да речеме предлог да се зголеми ДДВ – то од страна на бизнис заедницата. Да не биде 18 туку да биде 19,5 проценти. Секакви идеи има. Ние треба да ги ставиме сите аргументи на маса, да направиме една жестока анализа, да видиме што добиваме, што губиме и дури потоа да носиме одлуки“, рече премиерот Мицкоски.
Данокот на додадена вредност се пресметува и се плаќа во сите фази на производството и трговија, како и во целокупниот услужен секотор.
Барањето на бизнис заедницата го кажа како едно од многуте барања на засегнатите страни кои Владата не ги прифатила, како што не размислува ниту за зголемување на старосната граница за пензионирање предложена како мерка за надминување на буџетската дупка во Фондот за пензиско осигурување. Премиерот и попладнево уверуваше дека состојбата во Фондот за пензиско осигурување е стабилна, а дупка која ќе се покрива од централниот буџет ќе има се додека вториот столб не почне значително да придонесува за исплата на пензиите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс