
Мицкоски: Економијата заздравува, буџетот се полни со предвидената динамика, доаѓаат убави времиња за граѓаните
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 05 Март 2025

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на извештајот на ДЗС за раст на БДП, изјави:
„Да го прокоментираме и растот на Бруто домашниот производ во четвртиот квартал. Апсолутно тоа се први индикации дека економијата заздравува, дека одиме во правилна насока за помалку, би рекол од три квартала, ја стабилизиравме состојбата во државата, што беше практично и наша примарна цел. Да ја стабилизираме од слободниот пад, а потоа се разбира преку активни политики и домаќински политики, чесно и добро владеење, да успееме да обезбедиме раст на економијата“, кажа Мицкоски.
Во третиот квартал, како што потсети таа била 3%, сега е 3.2%.
Мицкоски очекува ваквиот тренд да продолжи во првиот квартал од оваа година.
„Очекувам уште една убава вест кон крајот на неделата. И мислам дека стратегијата да ја консолидираме, а потоа да ја придвижиме до точка нула и потоа да ја развиваме полека, но сигурно, вродило со плод. Порано од нашите очекувања се стабилизираа состојбите, буџетот се полни со предвидената динамика и ценам дека доаѓаат убави времиња за македонските граѓани.“
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
