СДСМ: Од денеска пониски цени на горивата

Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието, на предлог на Владата како дел од антикризните мерки, од денеска се намалени цените на нафтените деривати и горивата за транспорт, соопшти СДСМ.

 

„ Со ефикасното спроведување на постапката, примената на антикризните мерки доведе до намалување на цената на горивата и со тоа бензинот БС-95 се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари. Соодветно на намалената акциза и ДДВ за нафтените деривати, се намали и цената на другите горива.

 

Ова се само дел резултатите од мерките за намалување на ДДВ и акцизата за горивата како единствен приоритет на Владата како што е заштитата на стандардот на граѓаните и одржување на економска стабилност. Со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, новата Влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците.

 

Продолжува субвенционирањето на граѓаните за електрична енергија, решен е проблемот со затоплување во Скопје, опстојуваме на поддршката на финансиски ранливите категории на граѓани за струја и за купување основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни.

 

Со новиот пакет 26 мерки 400 милиони евра од буџетот се насочуваат за поддршка на граѓаните и компаниите.

 

Покрај сите овие кризни мерки, Владата ја покачи и минималната плата на 18.000 денари и оствари рекордно покачување на пензиите, вклучувајќи и дополнителна финансиска поддршка за пензионерите“ велат од партијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.