Битиќи: Општина Бутел ќе добие нова градинка за стотина деца
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 18 Мај 2023
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, изврши увид на градежните работи за изградба на детската градинка во Општина Бутел преку ТАВ програмата, придружуван од Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел, и претставникот на ТАВ Контракшн, Емрах Тосун.
Во неговата изјава за медиумите, вицепремиерот Битиќи рече дека со реализацијата на ТАВ програмата го подобруваме квалитетот на живот на сите наши граѓани.
„Во Општина Бутел се гради нова модерна детска градинка за која се одвоени 580 илјади евра од ТАВ програмата. Во градинката, жителите на ова населено место ќе можат да згрижуваат до 100 деца уште од најраната возраст, со што ќе го растерети проблемот со упис на нови деца и ќе почне со работа во септември“, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи додаде дека проектите на ТАВ се реализираат низ сите општини низ земјава, и дека со добро планирање веќе во предвидените рокови се реализирани 70% од започнатите проекти, или завршени се 56 проекти во 56 општини, а во моментов 25 проекти се во тек и е планирано да бидат завршени до крајот на годината.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс