Градоначалникот на Бутел: Советник од Алтернатива ми се закани со зборовите „ако продолжиш вака ќе ти се скрши вратот“

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски кажа дека вчера добил директна закана од советник во општината од политичката партија Алтернатива.

„Вчера добив директна закана, цитирам: ако продолжиш вака ќе ти се скрши вратот. Ова го истакна советникот во општина Бутел претставник на политичката партија Алтернатива, на вчерашната седница на советот, читаше од некој друг напишано писмо па ми се обрати на таков начин. Од како го прашав што тоа значи, почна да ретерира дека било метафора“, вели Костовски.

Градоначалникот тврди дека истиот советник кој вчера едвај го прочитал од друг напишаното писмо, веќе година ипол од него бара работи кои се исклучително поврзани со негови лични потреби и за неговото најблиско семејство.

„Од човек кој гледа лична корист сега наеднаш стана бранител на албанските интереси и тоа на исклучително лажен начин со манипулации. Советниче, како и вчера така и денес да ти порачам тебе, и на сите останати кои се закануваат од позади тастатура, сте ја утнале адресата, вашите закани се смешни и кукавички, односно далеку од чин кој му прилега на маж. Закани, провокации и останати нецивилизирани постапки кај мене ниту поминале до сега, ниту некогаш ќе поминат. Стравот не постои како опција во мојот ментален склоп. Убеден сум дека тоа ви е кристално јасно“, рече Костовски.

 

Понатаму додава дека криминалци, бандити, насилници и слично, за него биле и ќе останат најдолниот човечки ред, тие истите пред година ипол ги оставиле општината да ја гледаат од публика. Така ќе биде и следниот мандат, вели Костовски.

„Гледам дека ДУИ/Соравија особено се вознемири, најверојатно затоа што во мене го немаат претходниот градоначалник па со тоа не можат да рекетираат, изнудуваат и да прават што сакаат во општината. Морате да разберете дека доколку продолжите лажно да обвинувате за национализам, сигурно и наредниот мандат ќе бидете само публика, повторно ќе ме молите за средба, и повторно ќе ве победиме сите на куп, но овој пат уште посилно.

ДУИ/Соравија место да се занимава со манипулации и да си го лаже својот народ, до сега во овие 20 години нивна власт, требаше да им донесе вода на жителите од Љуботен, но тоа не е нивен приоритет, ниту па се способни тоа да го направат, тоа ќе го направиме јас и ВМРО-ДПМНЕ.

На локалните избори победив со огромна поддршка, тоа значи и огромна одговорност према граѓаните на Општина Бутел. Граѓанските интереси се мој врвен приоритет, општината се развива подеднакво во сите населени места, без разлика на вера и нација, а најмалку без разлика на политичка припадност. Работам и таму каде што добив најмалку гласови.

Токму тоа ве боли, тоа што во Општина Бутел за година ипол се сработи како за десетина наназат, тоа што Бутел брзински се менува и тоа што граѓаните тоа сериозно го препознаваат овој начин на работа. До крајот на мандатот не очекуваат голем број капитални и помали проекти кои од како ке бидат реализирани, Општина Бутел ќе биде сосема поинакво место за живеење од она што го познаваме од претходно.

Не го залажувајте чесниот народ, тој сака просперитет и поквалитетна иднина за своите деца, не лаги и активности за ситни политички поени. Јас сум градоначалник на сите граѓани, тоа и ќе останам.

Продолжувам уште по донамично, по креативно и со многу повеќе елан за работа“, напиша Костовски на социјалните мрежи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.