Камион се преврте и падна во канал во Радишани

Камион со дрва падна во канал во Радишани. За случајот известува Центарот за управување ос кризи. По увидот кој треба да го изврши полицијата, возилото ќе треба да биде извелечно и однесено во Агенцијата за управување со одземен имот.

„По информацијата добиена од дежурниот во ЦУК за паднат камион товарен со дрва во канал во Радишани и остварениот контакт со дежурниот во шумска полиција, добивме информација дека се запознаени со случајот, се во кординација со ПС Чаир и со полицијата вршат увид на самото место на несреќата со записник за истата. По завршениот увид од страна на шумската полиција возилото товарено со дрва ќе биде извлечено од каналот и транспортирано до Агенцијата за управување со одземен имот. До промена на смената на дежурниот во шумска полиција не е добиен одговор дали возилото е извадено од каналот“, велат од ЦУК.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.