Костовски: Никој не е над законот, урната ограда на државно земјиште наменета за плац за продавање автомобили
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 23 Август 2023
Никој не е над законот, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, информирајќи дека Општина Бутел спровела акција за ослободување на узурпирано земјиште.
Акцијата, како што појаснува, ќе заврши со кривична пријава и ослободување на узурпирано државно земјиште на територијата на општина Бутел.
„Утрово, заедно со инспекциските служби на Општина Бутел, во координација со Министерството за внатрешни работи, се постапи во согласност со законот при узурпација на државно земјиште.
Отстранета е ограда поставена на државно земјиште, најверојатно за плац за продавање автомобили“, напиша Костовски.
Тој упати апел до сите граѓани на општината за почитување на законот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс