Костовски: Бутел, конечно, добива плоштад

Денес имам особена чест што во посета на Бутел е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно бевме на повеќе локации, бевме и на еден спортско рекреативен центар кој го отворивме пред неколку дена. Знаете дека во секое населено место имаме по еден спортско рекреативен центар, а во моментов се наоѓаме во првото место кое слободно може да го наречеме плоштад кој го носи името „Слобода“, извести Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел.

„Конечно општина Бутел добива едно место каде ќе можат луѓето да се собираат и организираат манифестации на отворено. Не е ова ветениот плоштад кој го најавивме пред избори, ова е плоштад кој не беше најавен, а е изграден, а најавениот ќе биде многу поголем и ќе се наоѓа на територија на Бутел 1, веднаш до црквата Свети Јован и се надевам дека наскоро ќе почнеме со работа и таму.

Тоа што би сакал да го истакнам е дека плоштадот на кој се наоѓаме денес е со вредност од околу 4 милиони денари и би сакал да истакнам дека следната недела конечно реализираме предизборно ветување, барање на граѓаните повеќе децениско, а тоа е уредување и изградба на ново корито на реката Серава на потегот Радишани и ќе бидете известени за почетокот на изградбата“, рече градоначалникот на општина Бутел.

„Веднаш потоа ќе изградиме и трим патека за рекреирање, така да конечно граѓаните на Бутел ќе добијат вистинско место за рекреирање на територијата на општина Бутел, проект вреден околу 40 милиони денари и навистина и јас и мојот тим сме горди што едно од клучните предизборни ветувања ги реализираме.

Училиштето во Визбегово ќе започне со работа од први октомври. Во завршна фаза е веќе и завршена градинката на територија на општина Бутел, во моментов асфалтираме улици и до крајот на оваа година ќе бидат 60 нови асфалтирани улици за период од две години, што не било случај за 10 години наназад.

Општина Бутел се менува и ќе продолжиме со посилно темпо, особено за периодот кога многу скоро ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада и за разлика од сега кога немаме помош од централната власт, тогаш секако ќе имаме квалитетна помош за уште подинамично и поквалитетно да работиме на територија на општина Бутел и секако претседателот Мицкоски како иден премиер со огромна поддршка на сите проекти коишто ќе треба во иднина да ги реализираме“, додаде градоначалникот на Бутел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.