Бутел овој викенд ќе биде епицентарот на добрата забава со најдоброто од македонската сцена
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 24 Октомври 2023
Општина Бутел на локалните жители и гостите од другите краишта ќе им понуди одличен музичко-забавен настан – „Наш Бутел“. Настанот е замислен како дводневен фестивал на 27 и 28 октомври и ќе настапат најактуелните македонски музички изведувачи, информира Општината.
Како што информираат од Општината, на 27 октомври жителите ќе може да се забавуваат во одличното стендап-шоу на Бојан Велевски, во музиката на Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски и Влатко Лозановски-Лозано.
На 28 октомври за забавата ќе настапат Таско, Пајак и ДНК.
Настаните ќе се одржуваат на големиот паркинг кај паркот „Олимписки сон“, веднаш до основното училиште „Св. Климент Охридски“ во населбата Бутел 2, а ќе почнуваат во 20 часот и ќе траат до 1 часот по полноќ.
„Нашата општина веќе две години работи на планот за урбанизација на Бутел, културата е дел од овој план и преку овој фестивал сакаме на жителите да им овозможиме модерен и културен настан на бутелци“, изјави градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски
Влезот на овој дводневен фестивал е бесплатен, а со овој настан Општина Бутел сака да им овозможи урбана и културна забава на своите жители со најдоброто од македонската музика.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс