All for Joomla All for Webmasters

Отворено ново детско игралиште во Визбегово

Ново детско игралиште

Во скопската населба Визбегово денеска беше отворено ново детско игралиште. 


На отворањето присуствуваа градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, Дејан Кладарин од претставништвото на УНХЦР во Скопје и Александар Владичевски од Данскиот совет за бегалци (ДРЦ). 


Кладарин, како што информира УНХЦР,  посочил дека сериозно и пристапуваат на поддршката на локалните заедници. Владичевски изразил благодарност до УНХЦР за партнерството и за тоа што ја согледале улогата на локалното население во поддршката на бегалците.


УНХЦР Скопје и ДРЦ во 2018 го продолжуваат проектот за поддршка на локалните заедници кои им помагаат на бегалците во текот на последните неколку години. Годинава планирани се три проекти за поддршка на локалните заедници, во висина од 1,5 милиони денари од буџетот на УНХЦР. Се работи за детското игралиште во Визбегово, инклузивно детско игралиште во Велес и одводен канал во селото Николиќ, општина Дојран.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.