14 невработени лица од Бутел ќе бидат ангажирани за општо корисна работа

Општина Бутел, почна со активностите за реализација на проектот од Програмата за општинско корисна работа, кој финансиски е подржан од УНДП, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Центарот за вработување.

 


Како што информираат од Општина Бутел оваа програма прв пат се реализира во општината, а во неа се ангажираат 14 невработени лица во социјалната и образовна сфера, од кои 3 образовни асистенти и 11 лични асистенти, кои ќе се грижат за 14 деца од училишна возраст со посебни потреби, за да им пружат помош во образовниот процес.


Лицата ќе бидат ангажирани до крајот на учебната година, а за својот ангажман ќе добиваат соодветен надомест, информираат од Бутел.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.