Во Општина Бутел започна кампањата за намалување на заканата и за заштита од поплави

Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски и Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џаферовски, денеска пред ТЦ во Општина Бутел одржаа прес конференција по повод кампањата за намалување на заканата и заштитата од поплави под мотото ,,Иднината им припаѓа на оние што се подготвени,,.

 

Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски посочи дека едукацијата на младите е од исклучителна важност и затоа се предвидени предавања за сите ученици од основните училишта во општината, но возрасните и институциите треба да направат се што можат да не дојде  до поплава.

 

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џаферовски изјави дека дирекцијата изготвила флаери и два документарни филмови за превенција од поплави кои од утре ќе бидат прикажувани во сите основни училишта на територија на Општина Бутел.

 

Денеска на пазарот и во трговскиот центар во Бутел 1 се делеа флаери на граѓаните од Општина Бутел.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.