Во Општина Бутел почна одбележувањето на Денови на екологија

Во Општина Бутел почна одбележувањето на Денот на екологијата. Манифестацијата почна пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров во паркот пред општината, со учениците од ОУ Живко Брајковски кои работеа на еколошката тема ,,Отпад и како да се искористи хартијата што се фрла,,.

 

Учениците поделени во пет групи извршуваа најразлични активности. На хамер се пишуваа еко пораки, се садеа дрвца и цвеќиња, од рециклирана хартија се правеа брикети, украсни предмети и накит. Градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека битката за поздрава животна средина е наша секојдневна обврска во која активно треба да се вклучат не само најмладите, туку и возрасните граѓани. 

 

На манифестацијата присуствуваше и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, кој истакна дека е задоволен од оваа манифестација со која, како што кажа младите ги засрамуваат возрасните за нивото на свеста кога е во прашање зачувувањето на животната средина.

 

За време на манифестацијата се водеше дебата меѓу учениците и заменик  министерот Јани Макрадули и градоначалникот Велимир Смилевски. Учениците се интересираа за многу значајни прашања од областа на екологијата. Исто така учениците кои беа присутни на хамер испишаа најразлични пораки поврзани со екологијата.

 

На сите активности кои ќе се случуваат ќе учествуваат учениците и децата од градинките, учество ќе земат и родителите, односно граѓаните на Општина Бутел, а ќе бидат обезбедени и соодветни експери за конкретните теми што ќе се обработуваат. На крајот ќе бидат наградени трите најуспешни тимови, најдобриот ,,еко стрип,, ќе се доделат пофалници,  благодарници и планинарски ранци.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.