Обука за користење на интерактивните табли во Општина Бутел (ВИДЕО)

Во седумте основни училишта на територија на Општина Бутел веќе цела недела траат обуките за користење на интерактивните табли.

 

 

Во текот на летото беа набавени 50 интерактивни табли и истите беа поделени по училиштата во зависност од бројот на ученици, изјави градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, додека се одвиваше обуката во ОУ Живко Брајковски.

 

Смилевски додаде дека во сите основни училишта во општината се имплементирани потребните нагледни и помошни средства за успешено одвивање на наставата во текот на целата учебна година.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.