Сервисни информации за граѓаните на Општина Бутел

Општина Бутел постави нови натриум светилки во дворот, патеките во гробиштата и паркингот пред црквата во село Радишани, информираат од општината.

 

Image may contain: sky, cloud and outdoor 

Нови табли и обрачи за кошарка се поставени во училишната спортска сала во училиштето Живко Брајковски. Набавени се и топки за кошарка, фудбал, ракомет и одбојка со цел да се подобрат условите за работа на часот по физичко и здравствено образование.

Image may contain: people playing sports and basketball court  

Но во истото училиште пред некој ден од страна на несовесни граѓани се случил обид за крадење на зимзелените новопосадени дрвца. За среќа од страна на вработен во училиштето сторителите биле спречени. Засадувањето дрвја е приоритет на училиштето како влог за чиста и здрава животна средина. Учениците заслужуваат да имаат убаво уредени зелени површини. Поради тоа, од општината апелираат до сите да ги чуваат дрвјата и другото зеленило во училишниот двор.

Image may contain: plant  

Во делот на енергетска ефикасност, по примерот на детската градинка во Бутел 2, заменети се прозорите и вратите со нова ПВЦ столарија и во детската градинка во Бутел 1.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.