Продолжува реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски и за време на полициски час

Овој викенд, екипите на Град Скопје интензивно работат на реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски во Бутел, соопшти Град Скопје. Неодамна започна асфалтирањето на една лента од улицата, а во текот на полицискиот час се работи и на втората лента од кружниот тек на улицата Боца Иванова до крстосницата со улица Бутелска во должина од 850 метри.

Од градот велат дека на улицата досега била изведена комплетно нова атмосферска канализација и другите подземни инсталации.

Оваа улица во Бутел е една од најважните сообрајници за граѓаните од таа општина, кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат по овој дел од улицата Александар Урдаревски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.