Летна акција за собирање кабаст отпад и градежен шут во Општина Бутел

Општина Бутел в сабота и недела ќе организира акција за собирање кабаст отпад и градежен шут, информираат од општината.

 

Граѓаните ќе можат својот стар мебел, неупотребливи електрични апарати, скршени санитарии, електронски отпад, градежен шут и друго, да го одложуваат на 4 локации на територијата на oпштината:

 

  1. Во Радишани на средината на улица ,,Радишанска,, помеѓу прв и втор влез.
  2. Во Бутел 1, кај трафостаницата спроти црквата ,,Св. Јован,,
  3. На улица ,,Бетовенова,, кај контејнерите.
  4. Скопје Север, позади гимназијата ,,Зеф Љуш Марку,,

 

Се молат граѓаните да ја искористат оваа летна акција и во наредниот период се до 08 и 09 август да го одложат својот кабаст отпад и градежен шут на посочените локации, додаваат од општината.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.