Општина Бутел отвори Јавен повик за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети

Од денеска во Општина Бутел е отворен Јавен повик за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети.

Општина Бутел очекува голема заинтересираност од жителите и токму затоа општината го субвенционира секој купен велосипед со 50% од вкупниот износ на новиот купен велосипед или максимум 3000 денари од цената, или доколку се одлучат жителите на општина Бутел да купат електричен тротинет тогаш сумата која ќе ја субвенционира општината е 3000 денари за секој купен електричен тротинет.

Сите заинтересирани граѓани на општина Бутел можат да го видат Јавниот повик за субвенционирање кој е објавен на веб страната на Општина Бутел http://www.opstinabutel.gov.mk и на Огласната табла во општината, а доколку сакаат да aплицираат ќе треба да ги достават своите документи до архивата на општина Бутел секој работен ден од 08:00 до 16:30 часот.

Во овој Јавен повик ќе важи правилото „прв дојде прв услужен“.

Со овој потег се стимулираат бутелчани активно да користат велосипедиили електрични тротинети со што ќе придонесат за намалување назагаденоста на амбиенталниот воздух, а со самото тоа ќе придонесат за заштита на животната средина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.