Општина Бутел ги повикува земјоделците да аплицираат на продолжениот рок за субвенции

Општина Бутел, согласно одлуката на вчерашната седница на Владата ги повикува земјоделците да аплицираат на продолжениот рок за субвенции.

 

Рокот за аплицирање за субвенции наместо до 31 мај ќе биде продолжен до крајот на јуни, заклучно со 30.06.2021.

 

Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика.

 

Во интерес на сите земјоделци кои до сега не успеаја да ги поднесат своите барања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, поднесоа барање до Владата на РСМ за продолжување на рокот.

 

Од општината апелираат земјоделците да го искористат продолжениот рок и да аплицираат електронски на www.ipardpa.gov.mk или да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.