Смилевски и Темелковски во посета на Општина Одемиш во Турција

Градоначалникот Велимир Смилевски заедно со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски беа во службена посета во Општина Одемиш, Република Турција, информират од Општина Бутел.

 

На средбата биле поставени темелите на културните и економските мостови и новите области на соработка. Инаку, Општина Одемиш располага со една од најплодните почви во Турција на која се произведуваат органски производи, а пак тоа во последните неколку години придонело да се развие еко-туризмот.

 

Општина Одемиш пред гостите од двете македонски општини го промовирала сето она што го произведува и успешно го работи. Во областа доминира производството на украсни растенија и садници, потоа индустријата за млечни производи, како и туризмот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.