На пролет ќе продолжи да се чисти речното корито на Серава

Заврши првиот дел од чистењето на реката Серава, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Тој ја сподели информацијата со жителите на општината, апелирајќи граѓаните да не фрлаат отпад во речното корито на Серава.

 

 

,,Денес завршуваме со чистење на првиот дел на реката Серава, речното корито е исчистено од последна 57А до мостот пред Радишани во должина од 1,5 километри.

Поради временските услови со чистење на речното корито продолжуваме на пролет, во оваа прилика би сакал да апелирам до сите граѓани да не фрлаат ѓубре во речното корито, Серава и во оваа рана фаза на предвидениот проект има сосема нов изглед и добро е тоа да го зачуваме. Општина Бутел во ново исчистениот дел во Радишани ќе пушти засилена контрола со комунални редари се со цел да ја заштитиме животната средина од загадување.

Потсетувам дека првата фаза за големиот проект Серава е чистење, понатака изградба на речно корито таму каде што е потребно и секако изградба на трим патека која граѓаните на Општина Бутел ја чекаат со децении,, напиша Костовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.