Исчистени над 20 депонии во Општина Бутел
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 10 Јануари 2022
Изминатиов период целосно се исчистени над 20 депонии на територијата на Општина Бутел, информираше градоначалникот Дарко Костовски.
На локациите кои претходно беа депонии се поставени информативни табли, со кои се укажува на забраната за фрлање шут и ѓубре.
Активен е и телефонски број на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават создавање нови депонии или локации на кои се наоѓа ѓубре, но и да пријават несовесни граѓани, кои ја загадуваат животната средина.
Нашата цел е Општина Бутел да биде без депонии, а граѓаните да бидат партнер во зачување на хигиената. Зелена и чиста Општина Бутел за поздрава иднина за сите нас!, апелира градоначалникот на општината до своите сограѓани.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс