Нов парк од 3000 м2 во Општина Бутел

Денеска започна изградбата на новиот парк во Бутел, кој ќе се протега на 3000 m2 во населеното место Расадник, информираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

 

Паркот ќе се изгради во соработка до Град Скопје, а ќе содржи нови патеки за пешачење, посебен систем за наводнување, зимзелени и листопадни дрвца, нови летниковци како и содржини за најмладите.

 

 

"Во брзо време и фудбалското игралиште, кое што се наоѓа во овој потег ќе биде комплетно реконструирано. Она што до пред некое време беше депонија наскоро ќе го претвориме во модерен урбан парк и ново прекрасно катче за граѓаните на Општина Бутел, додава Костовски".

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.