Продолжува викенд - чистењето на населените места во Бутел

И овој викенд, како и до сега, екипите на Општина Бутел го поминуваат работно. Вчера се уредуваше зеленилото, се чистеа улиците,  како и детското игралиште во населбата Љуботенски Пат.

 

 

"Продолжуваме со чистење и одржување на хигиената. Нема да заборавиме ниту едно населено место, затоа што жителите на Општина Бутел заслужуваат многу повеќе!", изјави градоначалникот Дарко Костовски.

 

 

Инаку изминативе месеци во општината се чисти секоја сабота. Веќе се поминати повеќе критични локации со насобрано ѓубре и смет, за кои и граѓаните преку отворените контакти во општината постојано апелираат.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.