Костовски: Најавувам градежна офанзива во Општина Бутел

"Следува сериозна градежна офанзива во Општина Бутел, многу нови асфалтирани улици, нова градинка, ново училиште, изградба на коритото и нови патеки кај Серава, нови паркови, нови атмосферски и канализациони мрежи, реконструкција и нови спортски и детски игралишта, сериозни инвестиции во образованието и градинките.", објави денеска на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

 

 

Во моментов се гради паркот во населеното место Расадник, кој ќе се простира на над 3000 м2. Откако ќе се изгради, просторот ќе добие нов изглед.

 

 

Покрај новиот парк,  течат активности за отранување на одамна поставените и дотраени бекатон плочки, а на тоа место ќе се посади ново зеленило.

 

 

"Граѓаните од овој дел на општината ќе добијат ново преубаво место за поминување на слободното време во вистинска рекреација.", додава Костовски.
 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.