Учениците од “ООУ Климент Охридски” во посета на Општина Бутел

Денеска Општина Бутел беше домаќин на основниците од “ООУ Климент Охридски”, информираат од општината.

 

Учениците можеа одблиску да се запознаат со функционирањето и ингеренциите на градоначалникот и општината.

 

 

“Ги запознавме со нашите секојдневни обврски, проекти, како и грижата за нашите граѓани. На оваа наша средба разговаравме и за потребите и желбите на основците и се заложивме заедно да ги исполниме. Најмладите се наш партнер и грижата за нив ќе биде секогаш на прво место!”, изјави градоначалникот Костовски.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.