Нова водоводна мрежа во населеното место Кучевишка Бара

На краците 2, 4, 6 и 8 од улицата Призренска во населеното место Кучевишка Бара во Општина Бутел денеска започна проектот за замена и поставување нова водоводна мрежа, информираат од општината.

 

ЈП Водовод и канализација и Општина Бутел започнаа со проектирање за замена на постоечката и поставување  нова водоводна мрежа во ова населено место.

 

 

"Обнова на водоводната мрежа значи подобар квалитет на водата и спречување на честите дефекти, кои се појавуваат во ова населено место", информираше градоначалникот Дарко Костовски.

Веднаш по комплетирањето на проектната документација ќе започнат активностите и изведбите на терен.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.