Прочка традиционално се прослави во Љубанци

Продолжува традицијата за оддржување на карневалот во населеното место Љубанци во Општина Бутел. По повод големиот христијански празник и оваа година под маски се прослави Прочка.

 

"Општина Бутел финансиски го поддржа карневалот и во иднина дополнително ќе вложува во автентичните настани, кои се обележје на општината", информираше градоначалникот Дарко Костовски.   

 

 

На оваа територија карневалот за Прочка има вековна традиција, а потекнува од паганскиот период. Жителите на Љубанци успеале да го одржат во различни облици, со многубројни обичаи, зачувувајќи ја притоа автентичноста.  

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.