Започнува реконструкцијата на улица “Бутелска” (ВИДЕО)

Град Скопје заедно со Општина Бутел ќе ја реконструра улица “Бутелска” на потегот од вкрстувањето со улицата “Александар Урдаревски” до обиколницата.

На овој потег целосно ќе се реконструираат коловозните ленти во должина од речиси еден километар, а комплетно ќе се направат и реконструираат оштетените пешачките патеки.

Реконструкција ќе чини 26.810.580,00 денари. Рокот на изведба е предвидено да биде 60 дена.

"Повеќе од 12 години улица “Бутелска” била заборавена и затоа се наоѓа во ваква катострофална состојба со многу дупки. Оваа улица е една од нашите најпрометни улици на која секојдневно минуваат и транзитираат повеќе од 30.000 граѓани и е од големо значење за Општина Бутел.", изјави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.  

 

 

 

"Решаваме еден голем, децениски проблем во Општина Бутел со кој секојдевно се соочуваат жителите.", додаде градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.